Во насока на обезбедување на квалитетни и ефикасни комунални услуги за потребите на граѓаните и на стопанството, општина Илинден континуирано работи на опремување и модернизирање на јавните општински комунални претпријатија ЈКП „Илинден“ и ЈКП „Водовод“.
За поквалитетно одржување на јавната чистота, за метење на јавните и на сообраќајните површини – улиците, паркинзите, тротоарите, велосипедските патеки набавено е специјално еко возило-метлачка, во вредност од два милиона денари, како и машина за бележење на хоризонталната сообраќајна сигнализација.
Неодамна возниот парк на ЈКП „Илинден“ беше збогатен со уште едно ново специјално возило – камион за собирање и транспорт на комунален цврст отпад со носивост од 8 м3, така што сега претпријатието располага со современ возен парк од дваесеттина комунални возила за собирање и транспортирање на смет, цистерни, специјално возило за зимско одржување на улици, како и други помошни комунални возила.
Со континуираното модернизирање и обновување на опремата на јавните комунални претпријатија се овозможува поквалитетна, побрза и поефикасна комунална јавна услуга за граѓаните, но и се даде голем придонес општина Илинден денес да биде една од најчистите општина во државата и во регионот.
ЈКП “Илинден” е ангажирано за собирање, изнесување и депонирање на комунален отпад од населението и индустријата, одржување на јавната чистота, чистење на јавни површини, уредување на паркови, зеленило, парк-шуми, садење на ниска и висока вегетација, уредување и одржување на улици, сообраќајници и пешачки патеки, одржување на јавно осветлување, стопанисување со спортските објекти на територијата на општина Илинден, како и оџачарски услуги и управување и одржување на гробишта.
Извор: Општина Илинден