spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСтрумица: Училиштето во Дабиле со реконстуирано спортско игралиште

Струмица: Училиштето во Дабиле со реконстуирано спортско игралиште

Заврши реконструкцијата на спортското игралиште во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Дабиле. Градоначалникот Коста Јаневски го посети овој нов спортски простор на површина од 1.350 метри квадратни која опфаќа игралиште за фудбал и ракомет и кошаркарско игралиште.

Оваа прва реконструкција на спортското игралиште кое за првпат е асфалтирано пред околу 20-на години, е плод на заедничкото вложување на Општина Струмица и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиле, со вкупна инвестиција од 1.142.274 денари, од кои Општината инвестираше буџетски средства во висина од 785.000 денари, а ООУ „Св. Кирил и Методиј“ 357.274 денари од сопствени извори. Покрај реконструкцијата и целосното асфалтирање на игралиштето извршено е и обележување и боење на кошаркарското игралиште.

Реализацијата на овој проект несомнено ќе биде од голема полза за граѓаните на Дабиле, особено за најмладите и учениците кои ќе имаат одлични услови за спортување и физичко образование, со што ќе ползуваат убави бенефити за сопственото здравје.

Извор: Општина Струмица 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...