spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Шаќири одржа состанок со потпретседателот на Владата на Црна Гора

МИОА: Министерот Шаќири одржа состанок со потпретседателот на Владата на Црна Гора

За време на денешната посета на Подгорица, министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, одржа состанок со потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

Оваа средба беше остварена во топол и пријателски дух.

Многу теми беа дискутирани и опфатени заедно, вклучувајќи ги дигитализацијата, укинувањето на роаминг тарифите на Западен Балкан и други можни соработки меѓу двете земји.

Размената на искуства е повеќе од неопходна за унапредување на нашите проекти.

Средбата се затвори со взаемна заложба за остварување на почести состаноци во иднина и со ветување за поинтензивна соработка и комуникација.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...