Почитувани вработени во МВР на РСМ, сакаме да Ве известиме дека на 24.06.2021 година во Скопје, Клуб на пратеници, Претседателот на МПС Д-р Марјан Кицев и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го потпишаа новиот Колективен договор на Министерството за внатрешни работи.
Новиот Колективен договор претставува производ од неколку месечна работа на работната група во која преставниците на МПС ги презентира предлозите од членството, аргументирано и во рамки на законот, се со цел надградување на сите социјални и професионални, нормативни и други стандарди неопходни за подобрување на условите на работа на вработените во МВР во новиот Колективен договор.
“Како претседател на Македонскиот полициски синдикат, единствениот репрезентативен синдикат во рамките на МВР сум горд што преку наши преставници учествувавме во изработката на новиот колективен договор на МВР. Лично бев дел од работната група поради што сака да информирам дека за време на работењето од неколку месеци имавме и убави и лоши моменти и релаксирачка и тензична атмосфера но кординирани од Државниот секретар Несторовска, на која сакам да и искажам посебна благодарност, успеавме да изработиме нов КД на МВР со кој вработените во МВР ги задржуваат сите права што ги имаа до сега и да добијат низа нови права со кои можеме слободно да кажеме дека испишавме историја во синдикализмот во Република Северна Македонија. Го потврдивме логанот на МПС и МВР дека „ САМО ПРЕКУ ДИЈАЛОГ СЕ ДОАЃА ДО ВИСТИНСКИ РЕШЕНИЈА“. Докажавме дека не живееме во 16 век кога работниците своите права ги остварувале на улица со насилство и малтретирање на недолжни граѓани со блокирање на улици, туку напротив, работниците во ова модерно време своите права ги остваруваат само преку соработка и дијалог помеѓу работодавачот и преставниците на работниците во случајот МВР и МПС.Денес не застануваме овде, туку напротив, ќе продолжиме понатаму сите заедно во инстутиционалната борба за уште повеќе и уште подобри работнички права за вработените во МВР” истакна претседателот на МПС Д-р Марјан Кицев на чинот на потпишување на договорот.
„Со потпишувањето на новиот Колективен договор, чии што измени, и ние како раководство на МВР и репрезентативниот Македонски полициски синдикат, веруваме дека во голема мерка ќе имаат позитивна рефлексија во однос на синдикалните, социјалните и професионалните права на вработените во институцијата, би сакал да нагласам дека уште еднаш, на дело се потврдуваат напорите и приоритетите на Владата на Република Северна Македонија и актуелното раководство на МВР во насока на севкупно подобрување на стандардите и условите за работа на сите припадници на македонската полиција“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Со почит
Македонски полициски синдикат
Претседател
Д-р Марјан Кицев