spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаНова канцеларија на Скеил Фокус во Скопје

Нова канцеларија на Скеил Фокус во Скопје

„Според последните официјални податоци ИКТ секторот расте по сите основи. Вкупниот приход на индустријата во 2020 година бил скоро 1 милијарда евра. Тоа е раст од 12% во споредба со 2019 година.

 

Бројот на компании, исто така беше зголемен за скоро 200 нови компании во 2020 година со вкупно 2.378 компании кои работат во ИКТ секторот“, објасни премиерот Заев и додаде дека значаен пораст бележи извозот од македонските ИКТ компании, кој забележа 10% стапка на раст. Тоа е за 230,81 милиони евра извоз во 2020 година.

 

Премиерот Заев рече дека бројот на вработени е уште еден показател кој расте и сега брои 16.712 вработени во ИКТ индустријата во 2020 година.

„Тоа е постигнат раст од 8% или 1.200 нови вработени во 2020 година во споредба со 2019 година. Годишната плата во компјутерското програмирање е 2,5 пати поголема од националниот просек. Платите во ИКТ индустријата пораснаа во 2020 година, достигнувајќи 1,646 евра вкупно во бруто износ“, подвлече премиерот Заев истакнувајќи ги заложбите на Владата кон натамошно подобрување на условите за работа, кои треба да ја раздвижат ИКТ индустријата и да овозможат забрзана дигитализација на компаниите.

 

„Владата предвидува намалување на персоналниот данок во ИТ секторот од сегашните 10 отсто на 0 отсто до 2023 година. Тоа треба да биде доволен поттик за натамошен развој на оваа индустрија. Планираме и други мерки, како што се ослободување од данок за преквалификација, обука, дообука во компаниите, ослободување од данок од трошоците кои се прават за лиценци за ИТ индустријата и слично“, заклучи премиерот Заев.

 

Главниот извршен директор на „Скеил Фокус“ Бугарија, Иван Иванов и претседателот на Бордот на директори Пламен Цеков, во своите обраќања истакнаа благодарност до Владата и државните институции за поддршката и рекоа дека како инвеститори се чувствуваат многу добро во Северна Македонија и се задоволни од талентот на младите за инженерските и јазичните вештини, што е клучен чекор за понатамошен раст на компанијата во Западен Балкан.

Извор: Влада

Прочитајте

ДИК: Излезност – Претседателски избори 2024

0
Прочитајте и погледнете 👀👇 ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 Извор: Државна изборна комисија