Реформи во финансиското управување и контрола до подобар систем и успешна борба против корупцијата

ВладаРеформи во финансиското управување и контрола до подобар систем и успешна борба...
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Преку реформи и зајакнување на законската рамка и механизмите за финансиско управување и финансиска контрола во јавниот сектор, ќе се придонесе кон креирање на подобар систем, кон реформи во јавната администрација и успешно спроведување на мерките за борба против корупцијата. Ова беше истакнато на конференцијата на која учествуваа вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за финансии Фатмир Бесими, на тема „Поддршка на развојот на сметководството и ревизијата и синергија“ (“Supporting Accounting and Auditing Developments and Synergies”), а во организација на Овластениот институт за јавни финансии и сметководство (Chartered Institute of Public Finance and Accountancy – CIPFA) од Велика Британија и CEF (Centre of Exellence in Finance) од Словенија.

Вицепремиерот Николовски истакна дека борбата против корупцијата и криминалот е и меѓу клучните приоритети на Владата и како резултат на тоа, за прв пат, се подготви и усвои План за борба против корупцијата, кој содржи системски мерки за длабоки реформи во општеството.

 

„Северна Македонија застана цврсто и одлучно, преку своите институции да ги детектира слабостите и да се спротивстави на ова зло, преку бескомпромисно и неселективно дејствување. Дел од мерките што ги преземаме како Влада, се во насока на конструирање на системски решенија, со коишто се превенира и спречува корупција, но и се обезбедува транспарентност во трошењето на јавните средства. Управувањето со јавните средства треба да биде во насока на исполнување на потребите на граѓаните и рационално трошење на буџетските средствата”, изјави вицепремиерот Николовски.

На конференцијата вицепремиерот Николовски, ги презентираше дел од владиниот План за борба против корупција, во делот на јавните набавки, дигитализацијата на процесите, подготовката на предлог Закон за потекло на имот, подигнување на нивото на транспарентност.

 

Министерот за финансии Бесими посочи дека сега е вистинско време да се засили интензитетот на активностите за развој на финансиско управување и контрола во врска со буџетскиот циклус во сите негови фази: планирање, програмирање, подготовка на финансиски план, извршување, сметководство и известување. Сето ова е важно да се поддржи со воспоставен силен и независен процес на ревизија, кој ќе обезбеди повратна информација за извршените трошоци, како и резултатите од спроведените програми, односно активности и проекти.

 

„Со донесувањето на новиот Закон за буџети и новиот Закон за системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, кои се наоѓаат во собраниска процедура на донесување, очекуваме да се обезбеди потребната законска рамка за спроведување на реформските чекори во системот за управување со јавните финансии во Република Северна Македонија. Преку регулирање на целокупниот буџетски процес, односно постапката за подготовка и донесување на буџетот, извршување на буџетот, завршните сметки и системот за известување, планираме да придонесеме во развојот и на системот на внатрешни финансиски контроли кој не е изолирана активност, туку напротив, процес кој ќе придонесе и во спроведувањето на реформите во областа на јавната администрација и на мерките за борба против корупцијата“, рече Бесими.

 

Бесими најави и реформа во областа на буџетското сметководство, согласно која расходите ќе се евидентираат во моментот на настанување на деловниот настан во извештајниот период, а не во моментот на плаќање, а приходите и понатаму ќе се признаваат во моментот на наплатата. Овој концепт на евиденција ќе овозможи пореално и поажурно следење на неподмирените обврски кај буџетските корисници, а ова начело ќе се примени и во системот на државниот трезор преку имплементацијата на новиот Информациски систем за управување со финансиите.

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img