На овој настан присуствуваа претставници на локалната и централната власт, како и
претставници на невладиниот сектор.
На настанот беше потпишан и Меморандум за разбирање помеѓу директорот на Агенцијата за млади и спорт – Наумче Мојсовски и Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје – Клеменс Која.
“Кога зборуваме за локалните младински совети, говориме за развој на условите за напредок на младите луѓе во секоја една локална заедница, односно во секој град, општина и помала средина.
Локалните младински совети се линкот на младите луѓе со централаната политика, со централните институции, политики, извршна и законодавна власт.
Оттука нивната важност е навистина многу значајна, ако имаме предвид дека преку овие совети младите луѓе имаат можност да го привлечат вниманието кон себе и да се
наметнат со своите потреби и барања.” – Истакна Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.
Прирачникот е наменет за младите членови на Локалните младински совети и општинските службеници и служи како корисна алатка во врска со целокупниот процес на основање и работење на Локалните младински совети. Овој прирачник е изработен
на шест јазици: англиски, македонски, албански, српски, турски и ромски јазик.
Прирачникот има цел да го поттикне локалното учество на младите во овие тела во согласност со Законот за младинско учество и младински политики.
Прирачникот може да се преземе од следниот ЛИНК.
Извор: Агенција за млади и спорт