Во Градскиот парк на Школка, Градоначалникот Шилегов им додели решенија за парично наградување и благодарници на највисоко рангираните ученици и на нивните ментори, како и благодарници за здруженијата, сојузите, друштвата, асоцијациите за успешно реализирани скопски регионални натпревари.
– Денеска ги наградуваме регионалните скопски шампиони, сакам да ја искажам мојата благодарност до менторите, до акредитираните здруженија и до вас учениците што партиципирате во оваа успешна приказна. Вашата сила ученици најмногу лежи во вашето знаење и во вашето познавање. Продолжете по тој пат, затоа што само човек со високи познавања, само човек со високи дострели и цели во животот е човек кој е самостоен и ќе може да се справува со предизвиците во животот, а верувајте дека учењето е еден од најлесните предизвици со кои ќе се соочите во животот – истакна Шилегов.
Традиционалниот проект „Училиштето – место за натпревар во знаење“ е дел од Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2021 година. Соработката со здруженијата е остварена преку потпишување на Меморандуми за соработка помеѓу Град Скопје и секое здружение поединечно.
Поддршката е наменета за учениците, средните училишта на подрачјето на Град Скопје и здруженијата кои се учесници на натпреварите на локално ниво за повеќе наставни предмети, а со цел поттикнување на натпреварувачкиот дух и продлабочување на знаењата на учениците во различни области преку нивна промоција и наградување.
Оваа година согласно актулента состојба и согласно сите пропишани протоколи, се реализираа 7 скопски регионални натпревари по: математика, географија, информатика, биологија, француски јазик и англиски јазик.
На доделувањето на наградите на највисоко рангираните ученици и на нивните ментори, како и благодарници за здруженијата, сојузите, друштвата, асоцијациите за успешно реализирани скопски регионални натпревари присуствуваше и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.
Победници на натпреварот од средните училишта во Градот Скопје се учениците:
Најдобро рангирани на натпреварот по англиски јазик:
Ана Даневска СУГС Д-р Панче Караѓозов
Анастасија Бошковска ДСУ Лазар Личеновски
Миа Цекиќ СУГС Раде Јовчевски – Корчагин
МЕНТОРИ:
Бети Сиљановска Дрнков СУГС Д-р Панче Караѓозов
Марија Петковска ДСУ Лазар Личеновски
Татјана Голчева СУГС Раде Јовчевски – Корчагин
Најдобро рангирани на натпреварот по хемија:
Емилија Николовска ДСУ Математичко – информатичка гимназија
Филип Бојаџиевски СУГС Орце Николов
Дарко Стојчев СУГС Јосип Броз-Тито
Михаил Трајков ПСУ Јахја Кемал
МЕНТОРИ:
Верче Маневска Стефанова ДСУ Математичко – информатичка гимназија
Ирена Мишевска СУГС Орце Николов
Ксенија Хаџи Тосева Аврамчева СУГС Јосип Броз-Тито
Мурат Дуркаја ПСУ Јахја Кемал
Најдобро рангирани на натпреварот по математика:
Милијана Стојановиќ СУГС Раде Јовчевски-Корчагин
Матеј Гелев ПСУ Јахја Кемал
Марија Атанасова ПСУ Јахја Кемал
Јан Стојановски ПСУ Јахја Кемал
Никола Цветановски ПСУ Јахја Кемал
Дрин Салиу ПСУ Јахја Кемал
Стефанија Јовчевска ПСУ Алгоритам
Никола Спировски ПСУ Јахја Кемал
Давид Ставров ПСУ Алгоритам
Теодора Пандова СУГС Орце Николов
Јосиф Тренчовски СУГС Раде Јовчевски-Корчагин
Лука Грашковски ПСУ НОВА
МЕНТОРИ:
Сузана Ничота, Корчагин
Саше Ѓорѓиески, Јахја Кемал
Зоран Зивчевски Алгоритам
Анастазија Белевска Велчовска Орце Николов
Милена Божиновиќ. Корчагин
Највисоко рангирани по категории на натпреварот по информатика:
Марко Стефанов ДСУ Математичко – информатичка гимназија
Софија Велковска ДСУ Математичко – информатичка гимназија
Никола Цветаноски ПСУ Јахја Кемал Колеџ
Тео Китановски ПСУ Јахја Кемал Колеџ
Иван Занов СУГС Орце Николов
Филип Бојаџиевски СУГС Орце Николов
Благојче Павлески ПСУ Јахја Кемал Колеџ
Марко Танески ПСУ НОВА
Кристина Тасева ПСУ Јахја Кемал Колеџ
Андреј Шеќеров СУГС Раде Јовчевски-Корчагин
Владимир Шарковски ПСУ Јахја Кемал Колеџ
Никола Петровски СУГС Орце Николов
МЕНТОРИ:
Миле Јованов ДСУ Математичко – информатичка гимназија
Емил Станков ДСУ Математико-информатичка гимназија
Нахит Јилмаз ПСУ Јахја Кемал Колеџ
Елена Ристеска СУГС Орце Николов
Игор Ристовски ПСУ НОВА
Жаклина Прекиќ СУГС Раде Јовчевски-Корчагин
Највисоко рангирани по категории на натпреварот по француски јазик:
Бранка Јосифовска СУГС Георги Димитров
Андреа Поп Ангелова СУГС Орце Николов
Јована Ангеловска СУГС Раде Јовчевски-Корчагин
Ангела Деленикова СУГС Раде Јовчевски-Корчагин
Деа Јадровска СУГС Раде Јовчевски-Корчагин
МЕНТОРИ:
Јулијана Јозиќ СУГС Георги Димитров
Сузана Дулеска СУГС Орце Николов
Билјана Димовска СУГС Раде Јовчевски -Корчагин
Слаѓана Стојанова СУГС Раде Јовчевски -Корчагин
Највисоко рангирани по категории на натпреварот по биологија:
Стефан Боцевски ПСУ Алгоритам Центар
Јана Бундалеска СУГС Орце Николов
Елена Муратовска Д-р Панче Караѓозов
Зоран Михаилов СУГС Орце Николов
Инес Негриеска ПСУ Јахја Кемал
Васил Кузмановски СУГС Орце Николов
Андреј Петковски СУГС Никола Карев
Павлина Козарева СУГС Јосип Броз-Тито
Евгенија Ристова СУГС Д-р Панче Караѓозов
Борис Ночески ПСУ Јахја Кемал
Славјана Иваноска СУГС Раде Јовчевски- Корчагин
Јане Јанев ПСУ Јахја Кемал
Катерина Краљевска СУГС Раде Јовчевски -Корчагин
Евгенија Георгиевска СУГС Орце Николов
Филип Петровски СУГС Раде Јовчевски -Корчагин
Ангела Јакимовска ПСУ Алгоритам Центар
Тијана Петровска СУГС Раде Јовчевски -Корчагин
Христина Стојанова СУГС Марија Кири-Склодовска
МЕНТОРИ:
Нена Милковски ПСУ Алгоритам Центар
Мирјана Богданоска СУГС Орце Николов
Виолета Јовевска СУГС Д-р Панче Караѓозов
Фатих Шанли ПСУ Јахја Кемал
Даница Митреска СУГС Никола Карев
Радмила Строиманова СУГС Јосип Броз-Тито
Соња Дојчиновска Гроздановска СУГС Д-р Панче Караѓозов
Шукран Теккојун ПСУ Јахја Кемал
Симона Јовевска СУГС Раде Јовчевски -Корчагин
Снежана Пеловска СУГС Раде Јовчевски -Корчагин
Миле Стоиловски СУГС Орце Николов
Александар Алексовски СУГС Марија Кири-Склодовска
Највисоко рангирани по категории на натпреварот по географија:
Димитриј Анѓеловски ПСУ Американска гимназија
Сара Тошева ПСУ Американска гимназија
Вероника Гијовска ПСУ Американска гимназија
Јована Петровска СУГС Васил Антевски-Дрен
Стефан Ѓорѓијевски СУГС Васил Антевски-Дрен
МЕНТОРИ:
Пане Перуновски ПСУ Американска Гимназија
Елизабета Брсаковска Георгиевска СУГС Васил Антевски-Дрен
Извор: Град Скопје