spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: „Cinedays загревање - Европско патувачко кино под отворено небо“

Град Скопје: „Cinedays загревање – Европско патувачко кино под отворено небо“

Фестивалот на европски филм CINEDAYS, по повод 20-годишното постоење, воведува нова програма „Cinedays загревање – Европско патувачко кино под отворено небо“, како заеднички проект на Делегацијата на ЕУ и МКЦ, со цел претставување на нови европски филмови на отворено пред публиката во целата земја.

Станува збор за годишно прикажување на нови европски филмови, признати од критиката и сакани од европската публика, кое секоја година ќе патува во три различни градови. Радоста за добар филм летово ќе стигне во Крива Паланка, Струмица и во Струга.

Европското патувачко кино под отворено небо, оваа година ќе прикаже 12 филма: 6 европски филмови продуцирани во последните години, кои ја одразуваат европската креативност и разновидност и кои нудат по нешто за сечиј вкус и 6 македонски кратки филмови, дел од нив наградувани на различни филмски фестивали и добро примени од вљубениците во филмот.

Оваа година, фестивалот започнува во Крива Паланка, денеска и утре, 25 јуни и 26 јуни, (на градскиот плоштад пред општинската зграда), потоа продолжува во Струмица на 3 и 4 јули (градскиот парк, Домот на Армијата) и во Струга, на 9 и 10 јули (Центар на култура, летна сцена).

Бесплатните проекции почнуваат во 21 часот, со исклучок на завршната вечер во Струга, која започнува од 20:30 часот и ќе бидат проследени со сесии разговори со познатиот филмски критичар Влатко Галевски и неговите гости, експерти за темите опфатени во филмовите.

Годинешната селекција на играни филмови ги вклучува: „Хакер“ (Данска), „Патешествието на Принцот“ (Франција), „Брат ми брка диносауруси (Италија), „Рока го спасува светот“ (Германија), „Слава“ (Бугарија) и „Кожурец“ (Германија).  Филмовите третираат теми што ги засегаат сите луѓе, но посебно младите денес – од темната страна на дигиталната технологија, до прифаќањето и разновидноста, животот на луѓето со посебни потреби, насилството и предрасудите, корупцијата и слабостите на граѓанското општество, сексуалната ориентација и родовиот идентитет, итн.

20. CINEDAYS Warm-up распоред и програма: https://www.euhouse.mk/cinedays-warm-up/

Влезот на проекциите е бесплатен.

Извор: Град Скопје 

Прочитајте