spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Проект за поврзување на Локалните патишта - Механизам за...

Град Скопје: Проект за поврзување на Локалните патишта – Механизам за Жалби и Поплаки

Во рамките на “Проектот за поврзување на локалните патишта во Република Северна Македонија” кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска банка, Градот Скопје аплицираше со под-проект за реконструкција на бул. „Киро Глигоров“, еден од најфреквентните булевари во Општина Гази Баба, во град Скопје. Трасата на под-проектот започнува од мостот „Близнак“ и завршува кај крстосницата со надвозникот на бул. Александар Македонски, со вкупна должина од 730,12 m и ширина од 14m (2х7 m).

Во најскоро време ќе започнат градежните работи на терен и за таа цел, Министерството за транспорт и врски согласно Стандардот 10 од Рамката за животна средина и социјални аспекти на Светска Банка воспостави Механизам за жалби и поплаки со кој на локалното население и засегнатата јавност ѝ се дава можноста за активно следење на изведувањето на планираните градежни работи.

Градот Скопје ја користи оваа прилика да ја информира јавноста, а особено заинтересираните и засегнатите страни, дека можат да се вклучат и да земат активно учество во реализацијата на горенаведениот под-проект преку искористување на постапката на Механизмот за жалби и поплаки и Образецот за поплаки за целиот период на спроведување на проектот кои може да се превземат од следниов линк:

https://skopje.gov.mk/media/7102/proekt-za-povrzuvanje-lokalni-patista-mehanizam-za-zalbi-i-poplaki.pdf

Дадените два документа ќе бидат достапни во електронска форма на Министерството за транспорт и врски и официјалната веб-страна на Градот Скопје сѐ до завршувањето и затворањето на под-проектот.

Извор: Град Скопје 

Прочитајте