Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, учествува на настанот, Глобален систем за мобилни комуникации (GSMA), организиран од Mobile World Capital Barcelona.
Главните теми на овој настан се:
• Технологија за поврзување
• Креативна технологија
• Општеството на иднината
• Startup иновации
• Индустрија на технологијата за поврзување
• Вештачка интелигенција
• Безбедност на мрежи
GSMA MWC Барселона е многу голем настан, на кој присуствуваат претставници на многу министерства од различни европски земји и најголемите и најмоќните компании кои се дел од индустријата за електронски комуникации.
За време на оваа посета, министерот Шаќири ќе одржи бројни билатерални средби и средби со претставници на најголемите компании од индустријата за електронски комуникации.
Целта на оваа посета е размена на искуства, со цел забрзување на процесот на дигитализација на јавната администрација во Република Северна Македонија. Покрај скратувањето на времето, имаме за цел да го зголемиме и квалитетот на услугите што ги обезбедува државната администрација.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација