spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Директорот избран за член на УО на Платформата на OIE за...

АХВ: Директорот избран за член на УО на Платформата на OIE за благосостојба на животни

На маргините на 88ма генерална сесија на Светското собрание на делегати на Светската организација за здравствена заштита на животните (OIE), се спроведоа затворени пленарни сесии на специјализираните комисии на OIE на кои беа избрани нови членови на неколку платформи.

Во рамките на пленарните сесии се формираше нов управен одбор на Платформата на OIE за благосостојба на животни во рамки на Европа. Новите членови на управниот одбор се делегатите на:

 

Ирска

Израел

Казахстан

Северна Македонија и

Португалија

 

Република Северна Македонија во управниот одбор на Платформата на OIE за благосостојба на животни во рамки на Европа ќе ја претставува директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, кој воедно е и делегат на Светското собрание на делегати на Светската организација за здравствена заштита на животните (OIE).

 

 

Членовите на Управниот одбор на оваа платформа имаат мадат од три години и истиот може да се продолжи.

Општата цел на оваа платформа е да се подобри благосостојбата на животните во сите 53 земји во Европа, членки на ОИЕ и да се зајакнат ветеринарните служби преку преземање заеднички активности поврзани со благосостојбата на животните во согласност со стандардите на OIE.

 

 

Поконкретно, Платформата на OIE за благосостојба на животни во рамки на Европа има цел да ја подигне свесноста за благосостојбата на животните во Европа, да обезбеди брз напредок во спроведувањето на стандрдите на OIE од областа на благосостојбата на животните како и да го охрабри учеството во процесот на воспоставување на стандардите на OIE.

Задачите на управниот одбор се состојат од:

(i) Обезбедување на насоки до Секретаријатот на платформата за изготвување на Акционен план, проценка и одобрување на нацрт Акциониот план пред тој да биде доставен до регионална комисија на OIE за Европа за валидација

(ii) Следење на спроведувањето на Акциониот план, обезбедување насоки и препораки за активностите и одобрување на измени и прилагодувања;

(iii) Обезбедување поддршка во однос на методологијата, податоците, ресурсите, собирање средсва или било која друга активност потребна за поддршка на Секретаријатот;

(iv) Соработка со други членови на Регионалната комисија на OIE за Европа со цел промоција на активностите на Платформата како и добивање придонес во форма на коментари и препораки за подобрување.

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте