spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: „Го бараме делот кој недостига за Европа да биде целосна”

АМС: „Го бараме делот кој недостига за Европа да биде целосна”

Вчера на #PrespaForumDialogue #PFD2021 се зборуваше за визијата на младите луѓе за развојот на јужноисточниот европски регион. Го бараме делот кој недостига за Европа да биде целосна.

-Ниту еден чекор не може да направиме , ако тој чекор не ги задоволува потребите на младите луѓе. И ако го направиме тој чекор, игнорирајќи ја идејата, визијата на младите луѓе, тогаш со сигурност тоа е погрешен чекор!

Она што мене ме радува како директор на Агенцијата за млади и спорт, но пред се и како млад човек, но и родител е што во нашата држава станува видливо влијанието на младите. Евидентно е дека политиките насочени кон нив се фокус на Владата на Република Северна Македонија, односно на надлежните институции, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

 

Тој додаде дека тоа не се случи преку ноќ. Не се случи одеднаш. Туку тоа се должи на макотрпна работа на младинските организации, на колективните и индивидулните барања на младите луѓе, на партнерскиот однос кој се успеа да се постигне помеѓу нив и институциите.

Младите во Република Северна Македонија се луѓе со јасна визија. Тие не сакаат да бидат дел од онаа бројка која пред неколку години ја збогати статистиката на иселени луѓе од државата.

Јасно е дека голем дел од нив сакаат да останат и да работат дома, а доколку треба да ја напуштат државата тоа да биде избор, а не да бидат присилени да го направат тоа само поради тоа што тука немаат услови за напредок, за исполнување на своите цели и реализација во нивните професии.

Нашите млади луѓе се високосвесни дека заслужуваат исто што и нивните врсници од развиените земји, членки на Европската Унија. И тие работат на тоа. Тие се упорни да го постигнат тоа, да допрат до нас институциите и да издејствуваат решенија, мерки и проекти кои ќе им обезбедат светла иднина тука.

Мојот впечаток е дека сега, како никогаш досега, младите луѓе веруват дека тоа може да го постигнат. Бидејќи во секоја институција тие имаат партнер за соработка кои со голема сериозност ги уважуваат нивните барања.

Не сакаат да живеат со бремето на минатото на нивните родители, како генерации кои поминале процес на транзиција. Сакаат да учат, да се образуваат, да добијат шанса и да напредуваат.

Сакаат да се доктори кои спасуваат живот, професори кои образуваат генерации, иноватори кои придонесуваат за својата земја.

Тие ја гледаат својата иднина како дел од Европската унија. Тие сакаат со своуте врсници од другите земји да разменуваат искуства, да учат едни од други, да се поблиски и со услови и со стандард.

Можам да заклучам и нема да згрешан дека младите луѓе во Република Северна Македонија веруваат во евроинтеграцијата повеќе од било кој.

Овие надежи дека тоа е возможно уште повеќе им ги подгреа нашето членство во НАТО, кога се исполни не само нивниот сон, туку и сонот на нивните родители.

И затоа сакаат и земјите од регионот да чекорат прогресивно напред, сакаат модерен регион, каде секој млад човек си го наоѓа своето место каде ќе создаде исполнет живот.

Во овој регион, дел од младите луѓе потекнуваат од земји каде имаше војни, конфликти. И тие денес се генерации кои придонесуваат значително за помирување.

Тие се генерации кои гледаат напред и сакаат да одат напред. Младите сакаат да бидат растеретени од робувањето на стереотипите од секој вид.

Ова го слушам и од младите во Република Северна Македонија, во Србија, во Босна и Херцеговина, во Косово, во Албанија…..

Може да зборуваат различни јазици , јазици и на кои не може да се разберат, но целта е иста – младите сакаат да имаат можности и пред се право да БИРААТ! Право на ИЗБОР! Право да може да ОДЛУЧУВААТ, да влијаат!

Не сакаат да живеат во строго зацртани граници со правила наметнати од друг не по нивни избор!

Длабоко верувам дека младите тоа го заслужуваат и затоа во агенцијата со којашто раководам и во мене лично, секогаш ќе ја имаат поддршката да ја постигнат својата цел.

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...