spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Сопствен план за користење на Обновлива енергија

Карпош: Сопствен план за користење на Обновлива енергија

Општина Карпош се здоби со сопствен стратешки документ-Општински план за искористување на обновливите извори на енергија (ОППОЕ)., којшто е прв ваков стратешки план изработен во Република Северна Македонија и којшто треба да се реплицира и во другите општини во државата.

Станува збор за студија во рамки на проектот „Општински план за обновливи извори на енергија: Иновативно искористување на сончевата енергија во Општина Карпош“ која за потребите на Општината го изработи консултантската куќа ЕНВИРОС со своите локални експерти, а е во рамки на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), преку Словачкиот фонд за предизвици и со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Република Словачка, на кој работеа и стручни лица од одделението за енергетска ефикасност во Карпош.

Целта на студијата која беше презентирана, е да се истражи соларниот потенцијал на Општината за негова примена во системите за ладење, греење, подготовка на топла вода, како и создавање на мрежа на полначи за електрични возила, електрични тротинети, електрични велосипеди и сл.

Користејќи го словачкото знаење во оваа сфера, општинскиот план промовира иновативни предлози и деловни решенија за употребата на обновливи извори на енергија, кои ќе доведат до безбедно, рентабилно и одржливо снабдување со енергија за локалната заедница.

На претставувањето на овој значаен документ присуствуваше амабасадорот на Република Словачка Хенрик Маркус  и претставник од УНДП Македонија. Планот го претставија изработувачите Катерина Манева Митровиќ  од  ЕНВИРОС , Љупчо Димов (општина Карпош),  Светлана Петровска (ЦеПроСАРД),  проф. Димитар Димитров (ФЕЕИТ).

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...