spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Стручна поддршка за децата со разведени родители

Карпош: Стручна поддршка за децата со разведени родители

Воспитувачки, негувателки и стручен тим од сите објекти на градинки во општина Карпош успешно ја завршија Превентивната програма за работа со деца во градинки, за надминување на последиците од разводот на родителите.

Преку Здружението на психотерапија и едукација „Амигдала“ Скопје успешно беше реализирана обуката, која ја спроведоа  проф. д–р Драгана Батиќ, психолог, Анета Апчева, педагог и вработена во Центарот за социјална работа – Скопје, како и Маргарита Николовска, психолог, психотерапевт.

На листите на стресни животни настани, разводот се наоѓа при врвот, при што посебно ранлива група претставуваат децата. Оттука, општина Карпош се одлучи финансиски да ја поддржи реализацијата на овој проект со 170.000 денари.

 

Вчера, во градинката „Пролет“ во Козле, градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев заедно со професорката Батиќ ги доделија сертификатите на вработените од предучилишните установи кои ја поминаа обуката.

 

Богоев истакна дека општината примарно е надлежна за одржување на инфраструктурата на градинките на своја територија. Но, Карпош исто така соработува  и вложува во правилниот развој на децата.

 

  • Добро е што целиот воспитен кадар од градинките помина низ процес на обука за правилна работа со деца на разведени родители. Разводот е еден од најголемите стрес – фактори особено кај децата и апсолутно дека мора да работиме на нивна поддршка и колку што е можно помалку последици од оваа состојба, рече Богоев.

 

Проф. д-р Драгана Батиќ ја истакна важноста за грижата за менталното здравје и притоа додаде дека, за оваа проблематика треба повеќе да се зборува во градинките и основните училишта. Учејќи ги младите од рани години, на механизми за справување со стресни ситуации, неуспеси и слично, ќе придонесеме во креирање на поздрава средина и поодговорни и зрели граѓани.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...