Почитувани граѓани,
Општина Ѓорче Петров со задоволство Ве поканува на петтата форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ која ќе се одржи на 5 јули (понеделник) со почеток во 09:00 часот во Домот на културата, на ул. Ѓорче Петров, бр.21.
На сесијата ќе бидат презентирани резултатите од форумскиот процес кој се одвиваше претходната година. Претставници на општината и вклучените граѓани ќе зборуваат за реализацијата на проектот „Со мобилност до инклузија преку безбедно осветлени патеки“ што го избраa мнозинството граѓани на форумските сесии, а општината го реализираше.
Проектот „Зајакнување на општинските совети“ во кој беше вклучена и Општината Ѓорче Петров меѓу другото, имаше за цел да придонесе кон одговорни и транспарентни општински власти и активни и вклучени граѓани и граѓански сектор, а се спроведуваше од страна на Програмата за развој на Обединетите нации – UNDP со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC. Максималниот износ на проектниот грант беше 2.700.000 денари или 50.000 CHF.
За време на форумскитe сесии граѓаните дискутираa за проблемите кои ги засегаат и понудија решенија од кои произлегоа повеќе проектни идеи/концепти, предлог проекти и препораки. Темата за која се подготвуваа проектите беше социјална инклузија.
Вашето присуство и активно учество ќе биде од особено значење и ќе придонесе за успешна реализација на форумскиот процес.
Со почит,
Општина Ѓорче Петров
Градоначалник Претседател на Совет
Александар Намуоски с.р. Илија Спасовски с.р.
Извор: Општина Ѓорче Петров