Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски денеска одржа
работна средба со претставници на Сојуз на здружение на пензионери на
РСМ и Здружението од Куманово. На средбата се разговараше на повеќе
теми значајни за животот на пензионерите, со акцентирање на услугите во
Домот за стари лица “Зафир Сајто”-Куманово и субвенционирање на
јавниот превоз за пензионери. Димитриевски нагласи дека општина
Куманово ќе продолжи да дава свој придонес за пензионерите и
понатамошната соработка ќе им обезбеди подобри услови во сите сфери
од општествениот живот.
Извор: Општина Куманово