spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕЦените на струјата, производите и инфлацијата растат, бараме 5% ДДВ-то да остане...

Цените на струјата, производите и инфлацијата растат, бараме 5% ДДВ-то да остане и во иднина

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски денеска на расправа во Комисијата за финансирање и буџет, истакна дека цените на струјата, производите и инфлацијата растат, па побара со амандман стапката од 5% на ДДВ-то да остане и во иднина.

-Подолго време алармираме дека цената на струјата ќе порасне. Цената на струјата расте, цената на сите производи кои ги купуваме ќе порасне, инфлацијата расте, а јавниот долг се зголемува. Од владеачкото мнозинство цело време сме информирани пак дека цената на струјата нема да порасне, цената на производите нема да порасне, инфлацијата не се зголемува, а ова што се случува со јавниот долг било нормално, иако НБРМ алармира дека треба со огромно внимание да се постапува со сите овие процеси, критикуваше Муцунски.

-Сега дојдовме до денот каде она што беше „лажни вести“ од ВМРО-ДПМНЕ, тоа што беа „дезинформации“ од ВМРО-ДПМНЕ наеднаш стана вистина, цената на струјата порасна, вели Мицунски.

Тој вели дека го поздравува тоа што Владата се согласила на предлогот на партијата да се намали ДДВ-то, за да реалниот раст на цената на струјата да не се почувствува, но тој вели  дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е и за домаќинствата, но и за компаниите за шокот од цената да не се почувствува за секој граѓанин, се однесува амандманот кој е поднесен.

Муцунски вели дека не само на домаќинствата, туку треба да им се помогне и на компаниите и да и се помогне на индустријата коишто се катастрофално погодени од несоодветната реакција на оваа страшна социо-економска криза која ни се случува.

Имаме и дополнителен амандман којшто предвидува барање за стапката на ДДВ-то да остане 5% и во случај цената на електричната енергија  да остане иста или да продолжи да расте во иднина, ова е во исклучителна важност затоа што целта е ова прашање долгорочно да го решиме, вели Муцунски.

Тој апелираше до пратениците од мнозинството да ги прифатат овие амандмани бидејќи истите се во интерес на компаниите и индустријата, но и во интерес на сите граѓани, за да може да се одржи некоја ценовна стабилност.

Прочитајте