ВМРО-ДПМНЕ го промаши автопатот Кичево-Охрид поради криминални интереси и договорени провизии

Политички партииВМРО-ДПМНЕ го промаши автопатот Кичево-Охрид поради криминални интереси и договорени провизии
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ

Неодоговорно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за изградба на патишта, а особено за автопатот Кичево – Охрид, проект кој беше целосно погрешен и промашен.

Неспособното ВМРО –ДПМНЕ проектираше автопат без клучки за излез од него, без алтернативни патишта, со несоодветни материјали за заштита и потпора при ископ, без проект за звучни бариери, потпорни зидови, заштитна ограда, со нестабилност на косините.

За пропустите на автопатот Кичево – Охрид направени заради договорените провизии и криминалните интереси на Никола Груевски и Миле Јанакиески, се води и судски случај за проневера на 155 милиони ерва народни пари.

Тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ, неспособност, криминал, расипништво, провизии и договорени тендери за лично богатење на поединци.

СДСМ како одговорна партија, го гради овој автопат по стандарди како што налага градежништвото заради безбедноста и сигурноста во сообраќај на граѓаните и за економски развој на нашата држава.

Разликата е јасна СДСМ гради по план, ВМРО-ДПМНЕ гради за провизии.

Во овие 4 години СДСМ изгради над 1.040 километри патишта автопати, магистрални и регионални, ВМРО-ДПМНЕ за 10 години 650 километри.

Граѓаните ја препознаваат разликата и затоа на локалните избори ќе испорачаат уште еден пораз за Мицкоски и за ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: СДСМ

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img