spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Потребни се Зелени коридори на Границите заради Брз транспорт на Стока

МТВ: Потребни се Зелени коридори на Границите заради Брз транспорт на Стока

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски претстојуваше во дводневна посета во Брдо кај Крањ, Словенија, каде учествуваше на Министерскиот совет во рамките на Транспортната заедница.

 

На Министерскиот совет покрај министерот Бочварски, присуствуваа и министрите за транспорт на земјите од регионот, потписнички на Договорот за транспортна заедница, Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Република Србија и Република Црна Гора, како и претставници на Секретаријатот на Транспортната заедница и Европската комисија.

 

Тема на разговорите на Советот беа состојбите во транспортниот сектор во регионот, идните планирани активности, можноста за прошрување на концептот „зелени коридори“ заради олеснување на транспортот со соседните земји членки на Европската Унија и безбедноста на патиштата.

 

Во своето обраќање министерот Бочварски го истакна примерот со т.н. зелени коридори кои беа воведени за време на падемијата како успешен пример за брзиот транспорт на стока и медицински материјали се со цел избегнување на тесните грла на границите.

 

“Иницијативата за „зелените коридори“, промовирана во регионот на Западен Балкан за време на здравствената криза, како привремен и брз одговор на тековната здравствена вонредна состојба, имаше за цел спречување на недостиг на неопходна стока и медицинска опрема. Оваа иницијатива се покажа како еден од најуспешните примери за регионална соработка. Нејзиното главно достигнување за зачувување на трговските текови во регионот, не само што имаше значителни економски придобивки, туку се покажа многу практични во однос на решавањето на итните потреби на населението во време на пандемијата, истакна министерот Бочварски.

 

Во рамките на своите заложби, потенцираше министерот Бочварски, Владата активно работи на формирање на Агенција за безбедност која ќе има цел зголемување на нивото на безбедност во транспортот преку воспоставување сигурен и безбеден транспортен систем за сите корисници.

 

Покрај овие теми на Министерскиот совет се дискутираше за новата Стратегија за одржлива и паметна мобилност од перспектива на Западен Балкан како и ажурирање на листата на европското законодавството и нивно прилагодување во членките на Транспортната заедница.

 

Во рамки на Министерсткиот совет, министерот Бочварски одржа билатерална средба со министерот за инфраструктура на Република Косово, Либурн Алиу. На средбата се разговараше за одвивањето на меѓународниот патен транспорт меѓу двете земји. Исто така, двајцата министри разменија информации во однос на изградбата на автопатот Скопје-Блаце, како и плановите во однос на изградба на заедничка железничка гранична станица.

 

Исто така министерот Бочварски оставри и работна средба со министерот за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Република Србија, Томислав Момировиќ.  На средбата двајцата министри разговараа за модернизација на патниот и железнички Коридор 10, како и изградбата на заедничката железничка станица на Табановце, како пример за добра регионална соработка.

 

Министерот Бочварски учествуваше на Министерскиот состанок за прекугранично поврзување на земјите од регионот на Западен Балкан во рамки на словенечкото претседателство со Советот на Европската Унија.

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...