spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Средба со Полскиот амбасадор Тицињски

МТВ: Средба со Полскиот амбасадор Тицињски

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик министерот Беким Реџепи остварија работна средба со aмбасадорот на Полска во Република Северна Македонија, Н.Е Војциех Тицињски.

 

Министерот Бочварски информираше за инфраструктурните проекти што се реализираат во Република Северна Македонија во делот на патната и железничката инфраструктура, како и проектот за гасификација на земјата.

 

На средбата се отвори и прашањето за полската кандидатура за Советот на Меѓународната поморска организација

 

„ На средбата, го запознав амбасадорот со крупните капитални проекти што ги реализираме во нашата држава. Разговаравме за сите проекти, посебно за проектите што планираме да ги реализираме во наредниот период а кои се значајни за регионалното поврзување на земјата. Ова беше одлична можност да разговараме и за зголемување на економската соработка“, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

 

На средбата се разменија мислења и искуства на двете земји во однос на справување со предизвиците од Ковид кризата.

 

На крај, министерот изрази благодарност за досегашната соработка и ја потенцира потребата од зголемување на економската соработка меѓу двете земји.

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...