spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Направени 500 бесплатни мамографии и 50 ултразвучни прегледи

Гевгелија: Направени 500 бесплатни мамографии и 50 ултразвучни прегледи

ЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија, во рамките на проектот HEALTH – INFO (Унифициран информационен систем за размена на информации помеѓу примарни здравствени единици во пограничното подрачје за итни здравствени случаи), денеска реализираше Инфо ден на тема: „Рак на дојка- скрининг и рана детекција. На настанот пред присутните беа претставени резултатите од проектот, со посебен осврт на досегашниот скрининг на дојка кај женската популација.

Во воведното обраќање, директорот на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија накратко даде резиме за проектот кој го финансира Европската Унија, преку Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција. Како што истакна Крџев, во проектот учествуваат 6 партнери, односно: Национална организација за обезбедување здравствени услуги од Грција, Tехнолошки образовен институт од Солун – Оддел за акушерство и  Општа болница Воден од Грција, како и Министерство за здравство на РСМ, Oпштатa болница со проширена дејност-Гевгелија и Клиничка болница- Битола.

Главната цел на проектот е: информирање и подигање на свеста за вистинските димензии на ракот на дојката како болест, истакнување на ризик-фактори кои коинцидираат со појавата на болеста и превенција од истите, истакнување на значењето на раното откривање на промени кои би можеле да преминат во рак на дојка, значењето на мамографијата во откривањето на патолошки промени во рана фаза со цел нивно следење или потреба од одреден третман, можност за вклучување на поголем дел од населението, посебно во руралните места во проектот, бесплатни прегледи за сите жени на кои истите им се потребни.

По излагањето на директорот, следеше презентација на темата „Рак на дојка- скрининг и рана детекција“ од страна на Билјана Демерџиева, дипломирана медицинска сестра, вработена во ЈЗУ Општа болница- Гевгелија. Д-р Сашко Ризов пред присутните излагаше за тумори на дојка и начинот на превенција, а д-р Нако Поп-Ристов даде информација за досегашниот спроведен скрининг на дојка.

– Имено, за 8 месеци во Општата болница- Гевгелија се направени 500 мамографии и 50 ултразвучни прегледи на дојка, на пациенти од 37 до 80-годишна возраст. Најзастапена популација на жени, на кои ова им бил прв преглед, се на возраст од 40 до 50 години. По нив се жени од 60 до 70 години. Додека, најмалку застапена е популацијата на возраст од 35 до 40 години. Од вкупно направените 500 мамографии, 25 жени поради сомнение за некаква промена се повикани за контролен улразвучен преглед, 10 пациентки се пратени на биопсија, на 3 жени им е направен хируршки третман, додека на останатиот број жени им е дададен совет за редовни контролни прегледи. Бидејќи скринингот е се уште во тек, овие податоци се заклучно со месец мај, истакна Поп-Ристов.

             Утре (9 јули) во ООУ „Климент Охридски“- Миравци, со почеток во 12:00 часот, ќе биде одржан истиот Инфо ден и за жителите од населеното место Миравци.

Прочитајте