Во сабота во Скопје Градоначалникот Коцевски заедно со Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и претставниците на ТАФ ТЕПЕ АФКЕН – Инвестиционo Градежно и Оперативно Акционерско Друштво од Република Турција со подружница во Скопје, ќе го потпишат договорот за реализација на проектот „Изградба на секундарни водоводни линии за водоснабдување во населба „Речани“. Предвидено е да се изградат четири водоводни линии.
„Средствата за изградба на водоводните линии се обезбедени од ТАВ Македонија како противредност на тоа што ТАВ Македонија нема да гради аеродром во Штип. Тие средства се доделуваат на општините за изградба на инфраструктурни и други видови на проекти“, рече Коцевски на денешната прес конференција.
Вкупната вредност на овој проект е нешто помалку од 9.000.000 денари.
Извор: Општина Велес