spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Инвестиции во ЈКП „Дервен“ во вредност од 1,5 милион евра

Велес: Инвестиции во ЈКП „Дервен“ во вредност од 1,5 милион евра

На денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски ја информираше јавноста за инвестициите во ЈКП „Дервен“. Во изминатите неполни четири години во комуналното претпријатие  инвестирани се околу 91.000.000 денари односно околу 1,5 милион евра за подобрување на возниот парк и  механизацијата.

Коцевски ја потенцираше набавката на возилата за цврст комунален отпад, набавката на скада системот односно компресорот за фабриката за вода,  опремата за откривање на дефекти и нелегални приклучоци на системот за водоснабдување, опремата за микро-биолошката лабораторија, возилото за подигнување на подземни контејнери, цистерната, генераторот за производство на озон во третманот на вода за пиење, двата нови трактори преку проектот со Хабитат и Шуто Оризари.

Моментално се очекува возниот парк на претпријатиоето да се зголеми со уште две помали возила за собирање на цврст комунален отпад.

„Горд сум на тоа што успеавме да го направиме во ЈКП „Дервен“  и се надевам дека со сето ова што го правиме ќе го подобриме квалитетот и на водоснабдувањето и на услугите што претпријатието  ги дава на граѓанките и граѓаните на Велес“, рече Коцевски.

Извор: Општина Велес

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...