Велес: Започнува соработка со Бургас, Бугарија

ОпштиниВелес: Започнува соработка со Бургас, Бугарија
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Општина Велес е отворена општина за соработка и продлабочување на културните и меѓународнио односи со сите градови кои ќе посакаат да станат нејзини пријатели.
Досега Општина Велес има потпишано Меморандуми за соработка со 25 градови од Турција, Романија, Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Италија, Франција, Полска и Грција кои се докажани пријатели на Велес.
„Во изминатиот период остваривме повеќе средби со претставници на неколку градови и општини, преку кои се покрена иницијатива за збратимување. За жал, состојбата со Ковид 19 ги стави во мирување овие активности , но се надевам дека во наредниот период ќе ги продолжуваме“, рече Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција.
Иницијативи за збратимување има со градот Цангџоу провинција Хебеи, Народна Република Кина, со градот Сергиевопосадски округ, Руска Федерација со градот Саранда, Албанија, со градот Бургас, Бугарија и Гнилане од Косово.

Извор: Општина Велес

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img