spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕ се разбуди од сон за короната

ВМРО-ДПМНЕ се разбуди од сон за короната

ВМРО-ДПМНЕ се разбуди од зимскиот сон кога станува збор менаџментот на корона кризата и реши да достави предлози за тоа како здравствените власти треба да постапуваат и да менаџираат. За жал, заради долгиот сон во кој беа тие воопшто не се запознаени дека предлозите кои ги доставуваат во јавноста се одамна имплементирани.

Така, на пример, предлагаат „поголема достапност за тестирање на Ковид“ кога во земјата се спроведуваат илјадници тестови дневно и тоа воопшто не е никаков проблем во моментот. ВМРО-ДПМНЕ предлага „Јасен и прецизен „Бел план” за здравствениот систем при нов бран на Ковид-19“ после цели 18 месеци менаџирање на Ковид, поставени 16 ковид мобилни амбуланти и ефикасно воспоставен систем на ротација на персонал во случај на нов бран. ВМРО-ДПМНЕ се однесува како воопшто да не биле присутни во земјата изминатите година и половина.

Како посебни две мерки опозицијата предлага паушална мерка „Мапирање на здравствениот персонал и мапирање на здравствените капацитети“, нешто што е пред 12 месеци воспоставено и спроведено во сите три брана. Сите 15 од „ракав истресени мерки“ кои ги нуди ВМРО-ДПМНЕ се веќе одамна имплементирани и во функција. Ваквата несериозност на опозицијата само потврдува колку таа никогаш не била заеинтересирана да даде поддршка во менаџирањето на кризата и колку е надвор од реалноста кога станува збор за здравствениот сектор.

ВМРО-ДПМНЕ може да биде спокојна и да продолжи да спие на оваа тема, додека тие деструктивно се однесуваа, додека не повикаа ниту еднаш на масовна вакцинација ниту помогонаа на ниеден начин во кризата, Владата предводена од СДСМ успешно се справи со сите предизвици и без никаква поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Извор: СДСМ

Прочитајте