spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКрушево: Трки во трчање

Крушево: Трки во трчање

Во август во Крушево ќе се одржи настанот „Krushevo Trail Chalenge“ кој содржи трки во трчање на планинските предели и најатрактивните локалитети од градот.

 

Се работи за меѓународен настан кој општината ќе го поддржи, а денешната средба со претставник од организаторите потврдува дека летната активна понуда во областа на туризмот се збогатува.

 

„Настанот „Krushevo Trail Challenge“ ќе се одржи во рамки на „When in Krusevo“, односно од 6-ти до 8-ми август и како и сите други настани ние излегуваме со поддршка за истиот. Ова лето се збогатува со содржини и полека но сигурно се враќа на старите богати туристички понуди. Дополнителни содржини подготвуваме и во рамки на „Десет дена Крушевска Република“ . така што август ќе биде еден исполнет период со настани.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

 

 

Настанот е во организација на Ориентациониот клуб Златоврв Прилеп.

Извор: Општина Крушево

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации,...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата...