spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: На врвот по квалитет на услуги преку Веб страната

Карпош: На врвот по квалитет на услуги преку Веб страната

Општина Карпош е на врвот по квалитет на услуги кои се овозможени преку веб – страната www.karpos.gov.mk. Ова го потврдува Извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР), кој се однесува на сите единици на локалната самоуправа (ЕЛС), линк до  Извештајот: https://bit.ly/3dSzntL .

 

Основната цел на ревизорскиот тим на ДЗР за оваа ИТ ревизија е да се направи објективна и системска проверка, дали квалитетот на услуги кои ги даваат општините преку своите веб страници овозможуваат полесно остварување на правата на граѓаните, со помалку потрошено време и со пониски трошоци.

 

ИТ ревизијата ја проверуваше достапноста на услуги преку www.karpos.gov.mk;  и тоа за споделени информации за Буџетот и завршни сметки; објавени формулари и линк за административни такси; воспоставен дел за пријавување на проблем и статус на решавање на проблемот; спроведени анкети за задоволството на граѓаните од услугите на локално ниво; имплементација на ISO 9001 стандардот; донесени стратешки планови и безбедносен пристап до веб порталите.

Општина Карпош е меѓу единствените ЕЛС, кои имаат прилагоден пристап на лицата со попреченост на својот портал.

 

Локалната самоуправа континуиранo работи на ажурирање на својата веб страница и овозможување на повеќе услуги преку истата. Преку www.karpos.gov.mk, граѓаните можат да комуницираат со општинските сектори, да се информираат за предучилишното и основното образование, да видат како можат да го одложат отпадот од домаќинството, да пријават корупција, да стапат во контакт со подрачните одделенија на други институции и сл.

Во изминатиот период, општина Карпош беше прогласена и за најтранспарентна државна институција во Македонија, заедно со Министерството за одбрана, по Извештајот на Центарот за граѓански комуникации.

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

ДИК: Соопштение

0
Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи. На 31 гласачко место во дипломатско конзуларни претставништва во странство, 2.569гласачи кои се пријавиле...