До крај на август сите законски измени за дигитализација во Собрание

ВладаДо крај на август сите законски измени за дигитализација во Собрание
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

До крајот на август сите измени и дополнувања на потребните закони за дигитализација на процесите ќе бидат подготвени и доставени до Собранието, информираше на денешната владина седница заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Формираната работна група составена од сите надлежни институции, веќе работи на подготовка на измените и дополнувањата на потребите закони за дигиталната трансформација. Дополнително, на денешната владина седница беше донесена одлука за формирање на уште една работна група којашто ќе работи на дефинирање и усогласување во делот на опремата што треба да ја набават институциите за дигитализација на процесите.

На седницата беа презентирани и предлози, за институциите кадешто е неопходно физичко присусутво на лице од институцијата.  Еден од предлозите беше, оние процеси за коишто нема опција да се дигитализаираат, односно е неопходно човечко присуство од страна на надлежни органи, да се регулираат преку видео надзор и боди камери, како механизам за превенција од коруптивни дејствија.

Воедно, на денешната владина седница, вицепремиерот Николовски пред членовите на Владата го презентираше степенот на реализација на мерките од Планот за борба против корупција. Владата ја усвои Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација нa имот со Акциски план подготвена од Министерството за внатрешни работи. Основна цел на оваа стратегија е зајакнување на капацитетите на националните институции како и на нивната координација во следењето на протокот на пари, како и откривање на можно прикривање и пренесување на нелегално стекнат имот.

Како дел од активностите утврдени во “Планот за борба против корупција“ се очекува нејзината имплементација да придонесе кривичните истраги да резултираат со конфискација на имот и имотна корист, со што ќе се зајакне ефикасноста во борбата против организираниот криминал и корупцијата.

На седицата беше донесена одлука за зајакнување на капацитетите на јавните обвинителства во државата. Министерството за правда во соработка со Јавното обвинителство ја достави анализата за потребната кадровска и техничка екипираност на обвинителствата.

Министерството за економија го подготви Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија. Со новото законско решение се намалува бројот на членови на управни одбори, и тоа во државните претпријатија од 15 на 7 члена, а во општинските на 5 члена. Кај надзорните одбори бројот на членови се намалува од 5 на 3 члена. Дополнително со измените и дополнувањата, се регулира постапката за избор на членовите на управни и надзорни одбори и висината на  надоместокот.

Вицепремиерот Николовски, на сединицата информираше дека паралалено, институциите ги спроведуваат задолженијата за подготовка на  интерни процедури за јавни набавки, годишна Антикорупциска програма, назначување на лице за внатрешно пријавување.

Исто така, на денешната владина седница се усвоија измените и дополнувањата на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции имененувани од Владата. Според препораките од ГРЕКО, со новите измени и дополнувања, разграничена е функцијата на лицето за интегритет коешто дава советувања за етички прашања и членот на Владата назначен за следење на спроведување на  Кодексот.

Меѓудругото со измените и дополнувањата, проширен е опсегот на лица кои подлежат на Кодексот, односно покрај носителите на јавни функции, советниците кои ги именува Претседателот на Владата и посебните советници во министерствата, сега ќе бидат опфатени и секретарите и помошниците секретари во Секретарјатите во Канцеларијата на претседателот на Владата.

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img