spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииСоветникот Мартин Ристов со повик -Заокружи НЕ за насилство врз жени во...

Советникот Мартин Ристов со повик -Заокружи НЕ за насилство врз жени во политиката

Советникот Мартин Ристов со повик: Заокружи НЕ за насилство врз жени во политиката.

Периодов во тек е кампањата за подигнување на јавната свест во насока на елиминација на насилството врз жените во политиката. Кампањата се реализира под слоганот “Заокружи НЕ за насилство врз жени во политиката”

Мартин Ристов, член на советот во општина Гази Баба со повик до граѓаните, пријателите, колегите и колешките за поддршка на оваа кампања која е дел од проектот WoMen Lead: Унапредување на родовата еднаквост преку политичко учество на жените, имплементиран од Националниот демократски институт (НДИ), а финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна поддршла (СИДА).

“Треба да го покренеме нашето внимание кон информирање на луѓето што значи насилството врз жените во политиката, но и кои се неговите штетни последици. Да охрабруваме и да промовираме промени во социјалните и културните навики на однесување. Сите заедно треба да креираме свесност притоа поттикнувајќи солидарност со жените од јавниот живот кои се соочуваат со сите предизвици,но и да градиме една политичка култура во насока на учество на жените во политичкиот живот без страв од предрасуди, говор на омраза, насилство” – вели Ристов, кој е дел од коалицијата предводена од СДСМ во советот на Општина Гази Баба.

 

Онлајн петицијата за оваа кампања може да ја потпишете на следниот линк:

Почетна

но и секојдневно да промовираме и унапредуваме политики кои носат позитивни промени во општествениот живот.

Извор: Javnaadministracija.mk

 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...