МТВ: Владата со 70 милиони евра ги реконструира локалните улици во сите општини

МинистерстваМТВ: Владата со 70 милиони евра ги реконструира локалните улици во сите...
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Со 70 милиони евра директна помош за општините го реализираме најкрупниот и најзначајниот проект за реконструкција на локалните патишта и улици во сите општини во државата. Овој проект што го реализираме преку Министерството за транспорт и врски е пример за одличната соработка меѓу локалната и централната власт, истакна министерот Благој Бочварски при денешната работна посета во Тетово.

Инвестициите во патната мрежа се неопходни заради потребата да создадеме услови за подобар живот за граѓаните.  Проекот за “Поврзување на локални патишта” овозможува токму развој на локалната патна мрежа и поодбрување на урбаното живеење, потенцираше министерот Бочварски

Тој заедно со градоначалничката на општина Тетово, Теура Арифи, заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, извршија увид во реконструкција на улицата Гоце Делчев во стариот дел на градот.

 

“ Пред извесен период бев овде во Тетово и заедно со градоначалничката ветивме реконструкција на две улици во градот.  Денеска повторно сме тука за да го оддржиме ветувањето и многу ми е драго што преку овие активности работиме на подобрување на условите за живеење на граѓаните од Тетово и населените места.  Во првиот повик општината патиципираше со две улици  и тоа реконструкција на улицата „Гоце Делчев” со должина од 732 метри и вредност од 15.7 милиони денари како реконструкција на дел од улицата „Гоце Стојчевски” во вредност од 6 милиони денари.  Денеска сме на увид на реконструкцијата на оваа улица Гоце Делчев,  многу значајна за граѓаните на Тетово, која практично беше и нивно барање”,изјави министерот Бочварски.

Градоначалничката Теута Арифи истакна дека општината комплетно ја санирала канализациона мрежа на улиците и потенцира дека дополнително преку овој прект ќе се реконструираат уште две улици.

“ Нас ни беше многу важно овие улици да добијат на приоритет. Затоа аплициравме веднш за реконструкција и тие беа одобрени. Во рамките на третиот повик преку министерството за транспорт и врски аплициравме за уште две улици кои се одобрени и сега чекаме да бидат финансирани за реконструкција, изјави Теута Арифи, градоначалничка на општина Тетово.

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img