spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Јавен повик за обезбедување на услугата образовна асистенција за учебната...

Ѓорче Петров: Јавен повик за обезбедување на услугата образовна асистенција за учебната 2021/2022 година

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОБРАЗОВНИ АСИСТЕНТИ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Сите заинтересирани кандидатки и кандидати кои се заинтересирани да работат како образовни асистенти во основните општински училишта во Ѓорче Петров може да поднесат барање до Основно училиште со ресурен центар „„Д-р Златан Сремец “ Скопје.

Врз основа на член 19 став 1 од Законот за основно образование за поддршка на учењето за учениците со попреченост училиштето обезбедува образовни асистенти. Образовните асистенти учествуваат во наставата на различни начини, секогаш под супервизија на наставникот, за да се подобри процесот на учење. Тие ја фасилитираат групната работа со сите учениците во одделението, повремено работат индивидуално со одредени ученици на зајакнување на нивните вештини, помагаат во менаџирање на училницата. Целта на поддршката што ја даваат образовните асистенти е преку соработка со наставниците и со примена на методите на кооперативно учење и поучување да им помогнат на учениците со попреченост да учествуваат во воспитно-образовниот процес, максимално да ги реализираат своите потенцијали, да стекнат самостојност и социјална вклученост во училишната средина.

Согласно новите надлежности училиштата со ресурсен центар ја обезбедуваат услугата образовна асистенција за учениците со попреченост кои добиле препорака за истото од Комисијата за функционална проценка за општините кои согласно Решението за реонизација за соработка на општинските основни училишта со основните училишта со ресурсен центар бр.12-1861/1 од 02.02.2021  им се утврдени како реони за соработка и обезбедување на поддршка.

Од овие причини Основно училиште со ресурен центар „Д-р Златан Сремец“ – Скопје ги повикува сите заинтересирани кандидати/ки од општините Јегуновце, Теарце, Тетово, Желино, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуша, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Сарај, Сопиште, Студеничани кои имаат интерес да ја обезбедуваат услугата од образовна асистенција да поднесат пријава за интерес до училиштетето на адреса: ОУРЦ „Д-р Златан Сремец “ Скопје,  ул „Емил Зола “ бр.5, Скопје или по електронски пат на zlatansremec@yahoo.com со назнака Изјавување на интерес за образовен асистент. 

Кон барањето потребно е да се достави писмо со намери зошто кандидатот/ка се пријавува на повикот, задолжително се доставува кратка биографија (CV), и доколку кандидатот/ка веќе обезбедува образовна асистенција на ученик/ученичка да се наведе името на училиштето, одделението на ученикот/ученичката и со задолжителна претходна согласност на родителот/старателот име и презиме на ученикот/ученичката.

На Јавниот повик за изразување на интерес право на пријавување имаат сите кандидати/ки кои ги исполнуваат условите пропишани со Правилникот за нормативот, описот на компетенциите и работните задачи за образовниот и личниот асистент бр.18/-13724/2 од 02.12.2020 година и Правилникот за изменување на правилникот за нормативот, описот на компетенциите и работните задачи за образовниот и личниот асистент бр. 18-8691/1 8.6.2021, односно специјален едукатор и рехабилитатор, психолог, педагог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, со завршено VII/1 степен те. VI/A според македонската рамка за квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1степен те. VI/A според МРК или 240 ЕКТС), односно наставник по предметна настава (VII/1степен те. VI/A според МРК или 240 ЕКТС).

Кандидати кои ги исполнуваат условите наведени погоре, ќе добијат можност да посетуваат основна обука за образовна асистенција и понатаму да се вработат како образовни асистенти во рамките на ОУРЦ „Д-р Златан Сремец “ Скопје.

За регионот кој го покрива ОУРЦ „Д-р Златан Сремец “ Скопје согласно потребите предвидени се 130 образовни асистенти за учебната 2021/2022 година.

За подетални информации Ве молиме да не контактирате на 02/770-446.

Краен рок за Изразување на интерес за обезбедување на услугата за образовна асистенција е 02.07.2021 година.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...