spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Реформата на државната администрација кон последната фаза

МИОА: Реформата на државната администрација кон последната фаза

Се одржа деветтиот состанок на Советот за реформа на јавната администрација, на кој присуствуваа министри и претставници на сите министерства и институции во Република Северна Македонија, локални и странски експерти ангажирани во проектот „Поддршка на државната реорганизација“, вклучително и премиерот на земјата, Зоран Заев и министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири.

За време на оваа средба, министерот Шаќири им го презентираше на учесниците Третиот полугодишен извештај за периодот јануари – јуни 2020 година и Третиот годишен извештај за имплементација на Акцискиот план на Стратегијата за реформа на јавната администрација (2018 – 2022) за 2020 година.

По усвојувањето на записникот од осмиот состанок на Советот за реформа на државната администрација, одржан во декември 2020 година, беа презентирани предлозите, наодите и препораките од проектот „Поддршка на државната реорганизација“.

Министерството за информатичко општество и администрација на крајот на денешната средба ја презеде задачата да достави информација до Владата со конечниот Интегриран извештај за реорганизација на државната администрација на првата  следна седница.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски присуствуваше на настан по повод Меѓународниот ден на руралната...

0
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствуваше на настанот организиран од Национална федерација на фармери по повод Меѓународниот ден на руралната жена...