МОН: Со Швајцарската амбасада и проектот Е4Е планираме вложување и развој во стручното образование

МинистерстваМОН: Со Швајцарската амбасада и проектот Е4Е планираме вложување и развој во...
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Министерството за образование и наука заедно со Швајцарската амбасада и со Швајцарскиот проект „Образование за вработување во Северна Македонија“(Е4Е@мк) на работилница ги планира активностите за следните 5 години за вложување и развој на средното стручно образование во државата.

 

Министерката за образование и наука Мила Царовска на отворањето на работилницата истакна дека концептот на дуалното образование е привлечен за младите затоа што нуди квалитетно образование, а теоретските знаења од училиштето се надоградуваат со знаења и вештини што учениците ги стекнуваат на конкретно работно место преку практична работа и за таа цел еден од главните приоритети на МОН е токму унапредувањето на средното стручно образование.

 

„На овој начин го обезбедуваме кадарот баран од компаниите, но и ја зголемуваме можноста за вработување на младите. Голем наптредок во унапредување на средното стручно образование постигнавме со двете фази од „Учи паметно, работи стручно“, преку кој беше креиран конкурсот за запишување на учениците во средните училишта. Ја постигнавме целта целосно да ги вклучиме компаниите во процесот на стручно образование на средношколците, затоа што само така тие не само што ќе ја научат работата, туку и го почувствуваат нејзиниот ритам во реална средина, во самите компании. Во првата фаза, низ интензивен дијалог со локалните самоуправи, училиштата и бизнис заедницата ги утврдиме потребите од отворање на одредени профили и паралелки во секоја од општините и заинтересираноста на компаниите да ги отворат вратите за практикантите. Во втората фаза, во средните стручни училишта низ државата направивме промоција на придобивките и можностите кои ги нуди средното стручно образование за младите, за брзо вработување или за продолжување во високото образованиете“, рече Царовска.

 

Министерката посочи дека токму како резултат на овој дијалог на ниво на држава се оформија 97 паралелки во 46 средни училишта кои заедно со над 200 компании од есен ќе спроведуваат концепт на дуално образование, а компаниите беа наведени во конкурсот за запишување во средните училишта.

 

„Министерството за образование и наука реализираше и целосно нова политика на стипендирање за новата учебна година. Предвидени се 2.000 стипендии во вредност од 3.500 денари на месечно ниво за 9 месеци во годината за сите кои ќе се запишат во дуална паралелка. Ова е одличен мотив за средношколците додека учат истовремено да имаат и приход “, рече Царовска.

 

МОН продолжува со креирање и реализирање на процеси кои го унапредуваат средното стручно образование и го доближуваат до релниот сектор. Наш приоритет како Министерство за образование и наука е обезбедување квалитетно, но исто така и употребливо знаење, кое ќе им помогне на младите побрзо и поедноставно да го најдат своето место во општеството.

Извор: Министерство за образование и наука 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img