spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: 55.500 хигиенски пакети за ранливите семејства

МТСП: 55.500 хигиенски пакети за ранливите семејства

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, заедно со волонтерите од Црвениот крст посети неколку семејства во Скопје, кои се дел од ранливите категории на граѓани и на кои им беа поделени хигиенски пакети.

Преку проект поддржан од Светска Банка, Министерството за труд и социјална политика, обезбеди над 55.500 хигиенски пакети во вредност од 40 милиони денари, кои веќе се распределуваат низ државава.

„За нас сите граѓани се важни. И никој не смее да биде изоставен. Социјалната реформа донесе значајни промени во помошта и поддршката која навистина им е неопходна на семејствата во ризик. Во време на пандемија со Ковид-19, со олеснување на условите  за влез во системот на социјална заштита, беше обезбедена поддршка за дополнителен број од околу 6000 семејства од ранливите категории. Но, нашата цел е овие лица што е можно побрзо да излезат од системот на социјална заштита и активно да се вклучат на пазарот на трудот. За таа цел заедно со Центарот за социјални работи и Агенцијата за вработување, преку индивидуални планови да обезбедиме полесен влез на пазарот на труд на овие лица“, рече министерката Шахпаска.

Испораката, во кои има прашок за перење, средства за лична хигиена, средства за дезинфекција, заштитни маски, се очекува да се реализира до крај на август 2021 година.

Заедно со пакетите, во рамките на програмата „Читаме дома“ финансирана од страна на Канцеларијата на Светска Банка во Северна Македонија, се дистрибуираат и книги за децата од најранливите семејства со која повеќе од 40.000 деца на возраст од 3-11 години добиваат книги на јазикот кој го говорат дома.

Иницијативата „Читаме дома“ има за цел да го поттикне читањето кај децата од најрана возраст и да ја подигне свеста кај родителите за потребата од развивање читачки навики кај своите деца.

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МЖСПП: Меџити дел од 22-от министерски совет на Енергетската заедница

0
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити учествува на 22от Министерски совет на Енергетската заедница, што...