МТСП: Ромската етничка заедница во интегративните процеси не може да се реализира доколку не се креираат политики само за нив

МинистерстваМТСП: Ромската етничка заедница во интегративните процеси не може да се реализира...
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин имаше воведно обраќање на регионалниот вебинар за достапност на податоци и официјална статистика релевантни за јавните политики за инклузија на Ромите.

Укажувајќи на важноста од достапноста на податоците и поседување на релевантни статистички податоци за креирање на политиките за ромската популација, заменик министерот Хусејин укажа дека еден од основните проблеми со кој се судираат државите е недоволното постоење на десегрегирани податоци по етничка припадност, особено во службениот статистички систем.

 

Како причини за оскудните податоците за Ромите, според искуствата од различни земји, заменикот Хусејин ги посочи „погрешната перцепција дека законите за заштита на личните податоци забрануваат собирање на етнички податоци, неуспехот да се разбере стратегиската важност на етничкиот мониторинг за борбата против дискриминацијата, стравот дека статистичките податоци за етничките заедници можат да се злоупотребат и недостигот од политичка волја на владите да изготват програми за интеграција на Ромите, недостигот од визија за вистинска реформа, која ќе се базира на квантитативните проценки на потребите и на подготвеноста за распределба на адекватни ресурси.

Хусејин потенценцираше дека “мониторингот и евалуацијата на јавните политики се едни од клучните елементи во процесот на креирање политики, особено при креирањето политики засновани врз докази, кое патем со право добива сè поголемо внимание од страна на сите засегнати страни во процесот. Преку овој процес се прибираат информации за имплементацијата на јавните политики, коишто можат да послужат да се корегираат одредени аспекти од имплементацијата, како и да се направи навремена реалокација на ресурси, со цел што поефикасно и поефективно да се постигнат зацртаните цели на јавните политики”.

Говорејќи за придобивките од примената на мониторинг и евалуација при креирањето јавни политики засновани врз докази, заменик министерот за труд и социјална политика подвлече дека овој процес е важен затоа што на овој начин се овозможува да се развие и да се унапреди јавната дебата и се создава можност одлуките да се носат преку широка вклученост на сите засегнати страни, со што се унапредуваат демократските процеси, се зајакнува довербата во државните институции, коишто стануваат поотчетни, потранспарентни и поотворени за граѓаните.

“Оттука, од големо значение е да се развие методолошка рамка за мониторинг (следење) и евалуација (мониторинг) на јавните политики”, потенцираше заменик министерот Хусејин.

Заменик министерот за труд и социјална политика е на став дека: “Вклучувањето на ромската етничка заедница во интегративните процеси не може да се реализира доколку не се креираат политики наменети само за нив. Без постоење на релевантни статистички податоци, креирањето на политиките нема да ги даде очекуваните резултати. Да работиме сите заедно во креирањето на базата на податоци”.

На Регионалниот вебинар за достапност на податоци и официјална статистика релевантни за јавните политики за инклузија на Ромите во организација на УНИЦЕФ учествуваа претставници на меѓународните организации,  владини претставници, претставници на невладиниот сектор, како  и експерти.

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img