spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСЕП: Комисија за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции при Собранието

СЕП: Комисија за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции при Собранието

На покана на претседателот на Собраниската комисија, државната секретарка Калинка Габер учествуваше на заедничката седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, на која словенечкиот амбасадор Н.Е. Милан Предан ја презентираше Програмата и приоритетите за работата на словенечкото претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јули-декември 2021 година.

Државната секретарка Габер подвлече дека самото мото на словенечкото претседателство „Заедно. Издржлива. Европа“ се однесува на создавање обединета Европа како силна заедница што ќе ги негува и промовира европските вредности, што стана особено видливо при справувањето со последиците од КОВИД-19 пандемијата на начин што мерките и помошта беа насочени како кон земјите-членки на Унијата, така и кон земјите од регионот.

Габер: „Ги поздравуваме приоритетите на словенечкото претседателство затоа што ги препознаваме како приоритети на коишто се фокусирани и домашните реформски процеси, но и како можност за постепено вклучување на земјата и регионот во политиките и програмите на Унијата и дискусиите за иднината на Европа, како што предвидува новата методологија за пристапни преговори. Ова е важно како за земјата и регионот, така и за Унијата бидејќи застојот во процесот на проширување и неисполнетите ветувања влијаат на кредибилитетот на ЕУ и се рефлектираат со намалена поддршка, особено кај младите. Потребно ни е заедничко справување со споделените предизвици и зајакнување на соработката во контекст на придвижување на европската интеграција како единствен одржлив пристап за заокружување на процесот на европско обединување.“

Во тој контекст, Габер се осврна на потребата од пробив во европското досие на Северна Македонија преку операционализација на одлуката на Советот на ЕУ за почеток на пристапните преговори од март 2020 година и формално отпочнување на преговорите со што ќе се добие потребниот импулс за забрзување на процесот. „Наша заедничка обврска е да работиме на надминување на пречките на патот кон ЕУ, а пред сѐ да останеме посветени на успешно спроведување на европската реформска агенда“, заклучи Габер.

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...