spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕВласта аздисува со народните пари, затоа елитата се богати, а граѓаните осиромашуваат...

Власта аздисува со народните пари, затоа елитата се богати, а граѓаните осиромашуваат секој ден

Костадинов и СДСМ и десет прес конференции да одржат не можат да ја сокријат катастрофалната реалност во која живеат граѓаните. Ја клекнаа економијата на колена, а граѓаните со секој нов ден ги осиромашуваат се повеќе и повеќе.

Аздисано трошат народни пари, а потоа ги тераат граѓаните да плаќаат поскапи сметки, им воведуваат зелена такса за секој литар гориво, планираат нов данок, со кои уште повеќе ќе го рушат стандардот на народот. Поскапите горива и електрична енергија го поскапија животот и граѓаните тоа секој ден го чувствуваат по својот џеб.

Заради нивната неспособност и неодговорност 600 илјади лица живеат во сиромаштија, за една година има 60 илјади нови невработени, а 6.200 компании ставија клуч на врата. Патем да биде уште потрагично долгот на државата го искачија на рекордни 7 милијарди евра, а ништо не изградија. Нема ниту 600 километри нов автопат, ниту нови болници, ниту нови училишта, нема гасификација, едноставно нема ништо од ветувањата кои од 2016-та навака им ги даваа на граѓаните. Едноставно парите ги изеде власта на Заев. Затоа власта јаде од златни лажици, а народот гладува.

Да ставиме крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и граѓани од втор ред, на елита која аздисува и граѓани кои едвај преживуваат. Македонија за сите луѓе!

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...