Сега кога нашите иселеници почнаа да доаѓаат во родниот крај за да ги поминуваат годишните одмори и кога нивното доаѓање континуирано ќе се зголемува во следните три недели, Канцеларијата за иселеници во близина на Општина Гостивар ќе почне да работи со продолжено работно време.
Од понеделник (05.07.2021) оваа канцеларија сместена во просториите на Центарот за општински услуги на приземјето на општинската зград, ќе работи од 08:00 до 18:00 часот, секој работен ден.
Очекуваме оваа година бројот на иселеници кои ќе дојдат во родниот крај да биде значително поголем, затоа им посакуваме пријатен престој, повикувајќи ги сите граѓани да ги почитуваат препораките за заштита од КОВИД-19!
Извор: Општина Гостивар