Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски им го честиташе Курбан Бајрам на граѓаните од исламската вероисповед.
„Големиот исламски празник Курбан Бајрам, празникот на солидарноста и споделувањето со другите, нека биде повод за исполнување на нашето секојдневие со хуманост, грижа и човекољубие, како врвни вредности на кои го темелиме нашето општество.
Со заедништвото, меѓусебното помагање и многуте добри дела на кои не’ поттикнува овој празник, ќе продолжиме успешно да ги надминуваме предизвиците и тешкотиите, кои врз сите нас ги наметна пандемијата на вирусот Ковид-19.
Во духот на празникот и вековните традиции на меѓусебна почит и разбирање, на сите граѓани кои го слават празникот Курбан Бајрам, им посакувам убави празнични денови, исполнети со многу здравје, духовен мир, љубов и радост во семејствата.
Нека е честит и за многу години празникот Курбан Бајрам!”, посака Јованоски.
Извор: Општина Прилеп