spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПрилеп: Честитка од градоначалникот Илија Јованоски по повод Курбан Бајрам

Прилеп: Честитка од градоначалникот Илија Јованоски по повод Курбан Бајрам

Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски им го честиташе Курбан Бајрам на граѓаните од исламската вероисповед.

„Големиот исламски празник Курбан Бајрам, празникот на солидарноста и споделувањето со другите, нека биде повод за исполнување на нашето секојдневие со хуманост, грижа и човекољубие, како врвни вредности на кои го темелиме нашето општество.

Со заедништвото, меѓусебното помагање и многуте добри дела на кои не’ поттикнува овој празник, ќе продолжиме успешно да ги надминуваме предизвиците и тешкотиите, кои врз сите нас ги наметна пандемијата на вирусот Ковид-19.

Во духот на празникот и вековните традиции на меѓусебна почит и разбирање, на сите граѓани кои го слават празникот Курбан Бајрам, им посакувам убави празнични денови, исполнети со многу здравје, духовен мир, љубов и радост во семејствата.

Нека е честит и за многу години празникот Курбан Бајрам!”, посака Јованоски.

Извор: Општина Прилеп

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...