spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Носител на кампањата на ЕФСА за африканската чума кај свињите

АХВ: Носител на кампањата на ЕФСА за африканската чума кај свињите

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како контакт точка на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), втора година е носител на националните активности од регионалната кампања на ЕФСА за подигнување на јавната свест и поддршка на земјите во преземање на мерки за спречување  на појавата и ширењето на Африканската чума кај свињите. Годинашнава кампања, покрај во Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Северна Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора, кои ЕФСА во 2019 година ги идентификуваше како “засегнат регион” поради нивната географска близина со земјите во кои е присутна оваа болест, ги вклучи и Бугарија, Република Чешка, Литванија, Летонија, Полска, Словачка, Естонија, Унгарија и Романија.

Основна цел на кампањата,  како што потенцира директорот на АХВ Николче Бабовски е искоренување на болеста во Европа и таа годинава е насочена кон одгледувачите на свињи и ловџиите како лица кои имаат непосреден контакт со питомата и дивата популација. ЕФСА кампањата ќе ја реализира во соработка со ветеринарните организации, земјоделски и ловечки здруженија, граничната полиција и други релевантни тела во 18 земји, во рамки на која ќе се разменуваат информации и пораки преку дигиталните платформи и социјалните мрежи.

 

1

 

Болеста африканска чума кај свињите, за која нема вакцина, предизвикува голема смртност кај свињите и големи економски загуби, за среќа не е присутна во земјава иако ја има во соседните и земјите од регионот. Со цел спречување на евентуална појава и ширење на болеста и кај нас, АХВ будно ја следи состојбата. Како одговорна институција  неколку години наназад, спроведени се голем број на  превентивни мерки како што се подигнување на биосигурносните мерки на свињарските фарми, воспоставување на мониторинг на присуство на африканска чума кај дивите свињи, ставање во функција на апликација за пријавување на угинати диви свињи.

 

2

 

Реализирани се и голем број едукации на фармерите, ловните друштва, подготвени и испечатени се прирачници за болеста наменети за официјалните ветеринари, ветеринарните друштва и комерцијалните одгледувачи на свињи, кои ја интензивираа соработката и со помалите производители и одгледувачи на свињи. Извршена е и категоризација на свињарските фарми во однос на степенот на ризик и имплементираноста на биосигурносните мерки на фармите и идентификација на свињите.

 

3

 

Интензивирана е и соработката со невладиниот сектор, со националните паркови и другите државни органи, во насока на размена на податоци и информации. Одржани се обуки и за царинските службеници кои вршат контрола на личниот багаж на патниците кои влегуваат и транзитираат низ нашата земја со цел спречување на внесување на месо и производи од месо преку кои може да се пренесе вирусот на африканската свинска чума, а засилени се и контролите при увоз на оваа категорија производи. На сила се забрани за увоз и транзит на свињи, производи и нус производи од свинско месо од земјите и регионите каде е потврдено присуство на болеста.

 

4

 

Агенцијата за храна и ветеринарство го изработи и Планот за итни мерки и оперативен прирачник за справување со Африканска чума кај свињите, воведени се засилени мерки и контрола и на добиточните пазари во земјава. Од страна на официјалните ветеринари се вршат засилени контроли на движењето на свињите и спроведувањето на клиничките прегледи на одгледувалиштата со цел рана детекција на болеста.

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...