spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕНиту едно ветување на СДСМ во Пехчево не е реализирано

Ниту едно ветување на СДСМ во Пехчево не е реализирано

Почитувани,

Пехчево четири години стагнира. Од СДСМ ветуваа развој, а донесоа неизвесност и неработа.

Од СДСМ ветија регулација на дел од речното корито на пехчевска река, но не остварија. Не само што не е направена регулација, туку не е ниту почната.

Толку се неработници што ги мрзи и не знаат ниту еден парк да направат. Од СДСМ ветија и не реализираа уредување на просторот во близина на Здравствениот дом во Пехчево и негова намена во градски парк со потребни содржини и урбана опрема.

Нема ништо ниту од регионалниот центар – Дом за стари лица кој требаше да биде направен во Пехчево.

Од СДСМ исто така ветија и не направија градска капела во Пехчево.

Ниту едно од главните ветувања на кое се темелеше доаѓањето на власт на СДСМ во Пехчево не е реализирано.

Време е неработниците да си заминат од позиција. Време е за одговорен и чесен пристап. Време е за многу работа и развој на Пехчево.

ВМРО-ДПМНЕ има концепт за развој и понуда која ќе ја презентираме пред граѓаните. Време е за Македонија за сите луѓе!

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...