Светот оди со големи чекори напред со големи чекори. Дигиталните технологии се иднината, а Македонија со Зоран Заев е заглавена во криминал и корупција. ВМРО-ДПМНЕ има концепт за развој на државата, концептот наречен – Македонија за сите луѓе, кој ќе значи повеќе пари и за граѓаните и за државата.
Моментално во светот во подем е тргувањето со криптовалути. Пазарната вредност на криптовалути денес е 2.5 трилиони долари. Тоа е многу повеќе од пазарните вредности на Фејсбук, Епл, ЈП Морган, Волмарт и други светски гиганти.
Време е да го фатиме чекорот со напредните држави.
И токму затоа ВМРО-ДПМНЕ преку пратеничката група во Собранието од позиција на опозиција ќе предложи закон во Собранието со кој што ќе се дозволи трговија и чување на криптовалутите во Македонија. Со тоа ќе им овозможиме на младите и на сите луѓе да инвестираат и да вложат пари и тие пари да завршат во економијата, се разбира домашната економија и да претставуваат додадена вредност на нашата економија.
Законското решение ќе опфаќа низа поволности во вид на даночни ослободувања:
- Трговија со криптовалути без ДДВ;
- 0% данок на добивка и персонален данок на доход за тие кои што ќе тргуваат со криптовалути најмалку до крајот на 2023 година.
Со ова законско решение ќе ја формализираме трговијата и чувањето на криптовалути. Ќе внесеме сигурност во правниот промет и кај граѓаните кои веќе тргуваат со криптовалути, но не можат тоа да го сторат во Македонија. Ова законско решение и овој пристап ќе донесе најмалку половина милијарда евра во македонскиот буџет.
Да одиме кон иднината, а не пасивно да ја чекаме. Да направиме од Македонија лидер во регионот во трговија со криптовалути. Да се свртиме кон новите технологии и дигитализацијата и да креираме додадена вредност за економијата.
Блокчејн технологиите носат огромни придобивки во сите сфери од организацијата на работењето на фирмите во сите сектори: ги подобруваат и прават поефикасни процесите на идентификација на клиентите, водење на набавите, складирање, продажба, водење на залихите, извршување на меѓународните плаќања итн. Фирмите стануваат поефикасни, поконкурентни. Истото се однесува и на процесите во јавните институции. Ова е иднината, а моментот за македонското општество да почне со примена на блокчејн технологиите е сега.
Време е за поинаков пристап. Време е за Македонија за сите луѓе !