spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Преку мерката Млад земјоделец младите и невработени лица до 40 години...

АФПЗРР: Преку мерката Млад земјоделец младите и невработени лица до 40 години ќе можат да си отворат сопствен бизнис во сектор земјоделство

Младите кои имаат до 40 години а се занимаваат со земјоделство или имаат бизнис идеа во секторот земјоделство, од денеска до 29 август 2021 година, ќе можат да аплицираат за добивање на финансиска поддршка преку мерката 112 „ Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“, или во јавноста попозната како Млад земјоделец. Корисници на оваа подддршка може да бидат сите кои имаат до 40 годиншна возраст, регистрирани како индивидуални земјоделци согласно законот за вршење на земјоделска дејност и законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Максималната прифатлива поддршка за инвестиција изнесува до 600.000,00 денари или до 10 илјади евра по корисник а барателите поддршката може да ja искористат за започнување на земјоделска дејност, односно за инвестиции во опрема за преработка на земјоделски и производи од животинско потекло, како и за отворање на соспствен агро – бизнис. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски инфирмира дека :
„Доделената финансиска поддршка е неповратен грант. Фокусот на оваа мерка е насочен кон лицата на кои земјоделството им е примарна дејност. Финансирањето од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година се врши врз основа на одобрено барање за користење средства од Програмата и склучен Договор за финансиска поддршка за одобрена инвестиција. Исплата на средства се врши согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќа на годишно ниво во најмногу три рати. “- информира директорот Бачовски.

Сите заинтересирани барањата може да ги поднесат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk

Електронски пополнетите барања за финансиска поддршка потребно е да се превземат, испринтаат, да се потпишат и заедно со целокупната пропратна документација да се достават до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во затворен плик на кој на предната страна во горниот лев агол стои Барање за финансиска поддршка и Архивски број на Барањето (0721-11216-ХХХХ/1). Барањето може да се достави по препорачана пошта или лично во писарницата на Агенцијата. Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година. Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства за мерките 112 се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој. Барањата со ист број на бодови се реангираат по принцип прв дојден прв услужен.

Со помош на мерките 112 и 113, Млад земјоделец со поддршка до 10 и до 20 илјади евра директно се влијае врз намалувањето на невработеноста а се јакнат и локалните економии. Веќе на терен се гледаат и голем број на успешни приказни кои се реализирани со помош на овие две мерки.

Младите се иднината на оваа земја, затоа Владата заедно со Агенцијата креираше и ќе продолжи да создава мерки и поволни услови младите да создаваат свои бизниси, да бидат активни учесници во создавање на производи со поголема додадена вредност и со тоа директно да влијаат на растот на бруто домашниот производ.

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Прочитајте

Велес: Награди за најдобрите ученици од основните и средните училишта

0
Општина Велес ги награди најдобрите ученици од основните и средните училишта во градот. За освоено прво, второ и трето место на државни, меѓународни и...