spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Препораки до граѓаните за заштита од топлотни бранови

Велес: Препораки до граѓаните за заштита од топлотни бранови

Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи од утре, 29 јули до недела 01 август, целата територија на земјава ќе биде во портокалова фаза, поради екстремно високите температири кои деновиве ќе го надминат 40-тиот степен.

Во препораките за заштита на здравјето на граѓаните, на Министесртвото за здравство, се вклучува и Општина Велес.

За да се избегнат топлотни удари од јаките сончеви зраци, граѓаните да ги почитуваат општите мерки за заштита на здравјето како што се:

-Да не се излегува надвор без потреба во периодот од 10 до 17 часот, да се  престојува во затворени и климатизирани простории. Оние кои имаат потреба да излезат, да најдат можност за почести одмори под сенка.

-Да се ограничи физичкиот напор и физичката активност особено во средината на денот, кога е најжешко.

-Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце задолжително да се носат очила и капа. При сончање да се користи креам со висок заштитен фактор.

-Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук и да се избегнува масна храна.

-Да се внесуваат големи количини на течности, особено обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолни пијалоци.

-При влегување во возило, потребно е истото претходно да се проветри.

-Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија во консултација со матичните лекари.

-Задолжително да се мијат земјоделските производи пред нивната употреба

-Да се избегнува храна што не е термички обработена и внимателно да се консумира сладолед и разни кремови.

Прочитајте