spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Изложба на уметнички дела од Ликовна колонија Неготино во Ликовен салон

Велес: Изложба на уметнички дела од Ликовна колонија Неготино во Ликовен салон

Над триесетина уметнички дела од Ликовната колонија Неготино 2020 се изложени во Ликовниот салон во Велес. Изложбата е дел од културната манифестација „Велешко лето 2021“ во организација на Општина Велес.

Ликовната колонија Неготино 2020 е во организација на Музејот на град Неготино. Во ограничени услови поради Ковид 19, на колонијата  учествувале уметници од Неготино и Кавадарци кои своите уметнички дела ги изработиле во домашни услови.

„Целта на колонијата е да го поттикне уметничкото производство и да создаде нови уметнички дела и да поврзе сликари од целиот балкански регион. Збогатувањето на културната понуда, промоција на современото сликарство, како и зголемувањето на уметничката колекција на Музеј на град Неготино се важни задачи на колонијата“, истакна директорката на Музеј на град Неготино, Драгица Чекоровска.

На уметничките дела на Ликовната колонија има мотиви кои ги одразуваат спецификите на локалниот идентитет. Граѓанките и граѓаните на Велес можат да ги погледнат во наредните две недели.

Извор: Општина Велес

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...