spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕ повторно го блокира законот со кој 4.700 наставници и стручни соработници

ВМРО-ДПМНЕ повторно го блокира законот со кој 4.700 наставници и стручни соработници

ВМРО-ДПМНЕ и како власт и како опозиција си поигрува со образованието, гази врз достинството на наставниците.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за образование, повторно ги блокираат измените и дополнувањата на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваат со блокади, откако пред еден месец со навреди, закани и обиди за физички напади се спротивставија на унапредувањето на образованието, решавањето на статусот на наставниците.

ВМРО-ДПМНЕ е против 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување, наставниот кадар во основните и средните училишта да има правна и економска сигурност.

Блокадите и деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спречат реформите во интерес на граѓаните.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ нема да дозволи наставниците, стручните соработници, ниту било кој друг граѓанин да биде заложник на антинародното ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски.

Извор: СДСМ

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...