spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииПродолжуваме да ја создаваме најдобрата понуда за секоја општина

Продолжуваме да ја создаваме најдобрата понуда за секоја општина

Вчера вечер на седница на Извршниот одбор на партијата, беа дефинирани уште неколку кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ.

По спроведените испитувања на јавното мислење, по истражувањата и анализите во органите на партијата и секако по консултација со членовите, вечерва дефинирани се дополнителни пет кандидати за градоначалници.

1. Ѕвонко Пекевски – Берово

2. Борис Георгиевски – Гази Баба

3. Јасмина Гулевска – Могила

4. Тони Делков – Неготино

5. Даниел Крстевски – Ранковце

Ова се кандидатите кои Извршниот одбор, раководството на партијата, ги дефинираше заедно со граѓаните и членовите на партијата од овие општини.

Токму граѓаните знаат која личност е најдобрата опција за нив и затоа токму заедно со граѓаните ја создаваме најдобрата кадровска понуда за секоја општина.

Анализите, истражувањата на јавното мислење и консултациите продолжуваат и во овој период. Како што најавивме и претходно, фазно, до крајот на август, ќе ги објавиме кандидатите за сите општини во кои СДСМ ќе настапи со свои кандидати.

СДСМ е и останува прв во промените, прв во храбрите одлуки и чекори и така ќе биде и на овие локални избори.

СДСМ го носи најдоброто за секој општина, најдоброто за нашата држава и тоа е препознаено и од граѓаните.

Затоа расте довербата на граѓаните, затоа СДСМ има убедливо водство на сите релевантни анкети.

Граѓаните знаат дека само со СДСМ е можен развојот на општините, дека само со СДСМ е можен напредокот на државата и затоа на изборите во октомври граѓаните повторно масовно ќе ја дадат довербата на концептите на СДСМ.

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...