spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаИспитен Центар – Битола

Испитен Центар – Битола

Дали постојат нерегуларности и неправилности во формирањето и работењето на собраќајниот испитен центар во Битола во сопственост на АВТО МАКЕДОНИЈА ?

Граѓани од помладата популација постојано се жалат и се соочуваат со проблем , а тоа е полагањето на возачкиот испит.
Теоретскиот дел и полигонот ги полагаат на прв пат додека градска вожња се случувало да полагаат по трет или по четврти пат.

Според наша констатација направивме едно анкетно истражување помеѓу кандидатите и констатиравме дека има можност за неправилности.
По истражувањето помалку од 10 % положиле од прв пат, а другите на трет или четврт пат.
Тие 10% кои положиле градска вожња од прв пат се деца на фукнкционери од Сдсм, Вмро, судии, вработени во МВР и тие што платиле одредена сума позната помеѓу кандидатите, а посредници биле дел од автошколите.

Испитниот центар АМ дооел лиценцата ја добил во 2015 година во време на владеењето на Вмро и покрај можните нерегуларностите во постапка каде што е поднесена жалба до управен суд. Со доаѓањето на СДСМ на власт ништо не е превземено за расчистување на случајот за штетата што му е направена на кандидатите.
Со ова е доказ дека СДСМ е продолжена рака на криминалите на ВМРО.

Дали до МВР стигаат жалби и поплаки за полагање на возачки испит ?
Дали се врши контрола од страна на МВР во испитниот центар за негова регуларна работа ?
Дали има некаква поврзаност од страна на Васко Ковачевски со Авто Македонија под кој е основан испитниот центар ?
Дали има некаква улогата на градоначалничката Наташа Петровска во целиот случај со испитниот центар Авто Македонија и полигонот ?

Бараме одговори, ако не ги добиеме ке одговориме ние како се одвивала целата постапка при полагање на кандидатите и можните нерегуларностите на испитниот центар.
Апел до МВР да ги провери досиеата на кандидатите што се наоѓаат во нивната архива и сами ке утврдат кој кандидат кога треба да го положи возачкиот испит.

Левица бара одговорност.

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Велес: Општината ќе добие ново Јавно Осветлување

0
Општина Велес ќе добие ново јавно осветлување. Старите светилки ќе бидат заменети со нови паметни лед светилки. Македонски Телеком е носител на договорот за...